ИЈЗ: За една недела речиси 7.000 нови случаи на ковид-19, половината се од Скопје

Во периодот од 15 до 21 март 2021, тестирани се вкупно 24.517 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на ковид-19, што е за 8,4% повеќе од минатата недела, а регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата или 26,4% повеќе од  минатата недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (3.441 или 49,9%), со неделна инциденца – 557,1/100.000. Највисока неделна инциденца од 899,1/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија).

Процентот на позитивност се движи од 23,4 до 32,3%, просечно 27,9%, 3% повеќе во споредба со минатата недела.

Во овој период регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.772 или 25,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (1.303 или 18,9%), 40-49 (1.272 или 18,4%), 50-59 (1.210 или 17,5%) и 20-29 (864 или 12,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (144, односно 2,1%) и 10-19 години (334, односно 4,8%). Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 (33,1%), 50-59 (32,1%) и 40-49 (30,2%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.343 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 22,1% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 158 смртни случаи од 27 градови, 22,5% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лицa биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

Според ИЈЗ, заклучно со 22.03.2021, вкупно се вакцинирани 6.704 здравствени работници со прва доза (4.002 – Фајзер/Бионтек и 2.702 – Спутник В) и 2.572 (Фајзер/Бионтек) со втора доза на вакцина против ковид-19.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе