ИЈЗ: За една недела повеќе заболени и починати од ковид-19 и помалку оздравени

Во периодот од 8 до 14 март 2021, тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, што е за 7,3% повеќе од минатата недела. Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата или 22,2% повеќе во однос на минатата недела.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.708 или 49,6%), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија. Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.

Во овој период регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.434 или 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (1.064 или 19,5%), 40-49 (977 или 17,9%), 50-59 (916 односно 16,8%) и 20-29 (698 односно 12,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (116 или 2,1%) и 10-19 години (251 или 4,6%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, или 29,7% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.

Според податоците од ИЈЗ, заклучно со 15.03.2021 вкупно се вакцинирани 5.061 здравствен работник.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе