ИЈЗ: За една недела помалку тестирања, помалку нови случаи и помалку починати

Во периодот од 18 до 24 јануари направени се вкупно 11.036 тестирања за ковид-19 што е за 21,8 проценти помалку од претходната недела. Во овој период има и намалување на бројот на нови позитивни случаи, при што во 34 градови регистрирани се 1.727 случаи или 28 отсто помалку од претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (851 или 49,3%), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19%, или во просек 14%, што претставува намалување од 2% во однос на минатата недела.

Во овој период регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (507, односно 29,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (299 или 17,3%), 50-59 (298 или 17,3%), 30-39 (287 односно 16,6%), и 20-29 (231 или 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (32 или 1,9%) и 10-19 години (73 или 4,2%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 12,1% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 2 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.

 

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе