Неделен извештај

ИЈЗ: Намален бројот на позитивни случаи на ковид-19 и на процентот од тестираните

Во периодот од 26 април до 2 мај забележано е намалување на бројот на заразени со ковид-19, а процентот на позитивни од вкупниот број тестирани лица е намален на просечните 13,1 отсто. Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, за 20,9 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa од починатите биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години. Досега со прва доза се вакцинирани 61.603 лица

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај 2021, тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела, наведува Институтот.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5%), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (n=781, 37,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=349; 16,8%), 40-49 (n=333; 16,0%), 30-39 (n=323; 15,6%) и 20-29 (n=172; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=33; 1,6%) и 10-19 години (n=85; 4,1%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени" се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.

Што се однесува до вакцинацијата, заклучно со 2 мај аплицирани се вкупно 76.937 вакцини од тоа со Фајзер/Бионтек вакцинирани се вкупно 19.858 лица (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со Спутник V се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на Астразенека вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Синофарм се вакцинирани 953 лица.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе