Најмногу новозаболени на возраст од 40 до 49 години

ИЈЗ: Намален бројот на новозаразени од ковид-19 на неделно ниво

Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 13 до 19 јули, во кој се евидентира намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица, а зголемување на бројот на починати лица во однос на претходната недела. Во дадениот период направени се 8.161 тестирања (1.834 помалку од периодот од 6 до 12 јули, што се должи и на еден дополнителен неработен ден) и регистрирани се 1.038 позитивни случаи на ковид-19, што е за 35 случаи помалку од претходната недела, соопшти Министерството за здравство.

Новозаболени се регистрирани во 26 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (39,9 отсто) и во Штип (14,4 отсто). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели, при што најголем процент се лица на возраст од 40 до 49 години (21,1 отсто), потоа лица над 60 години (20,6 отсто), поголем број новозаболени се регистрира кај лица од 30 до 39 (20,4 отсто) и кај лица од 50 до 59 години (19,7 отсто). Најмал број новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 2,2 отсто и од 10 до 19 години – 3,5 отсто од вкупниот број новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 88 лица или 9,5 отсто од новозаболените, што претставува намалување за два отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 275 лица или кај 29,5 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за два отсто повеќе од претходната недела.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 38,6 отсто имале контакт со потврден случај на ковид-19, а 12 лица (10 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот од 13 до 19 јули регистрирани се 545 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 472 лица помалку од претходната недела на известување (6 – 12 јули). Пред ова намалување од 40 отсто на неделниот број на оздравени лица, три недели бројот на оздравени лица бележеше раст за околу 40 отсто на неделно ниво.

Во периодот од 13 до 19 јули, регистрирани се 44 смртни случаи, што е за осум повеќе од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години (81,8 отсто). Четириесет и еден од случаите се починати во болнички услови, а три вон болнички. Кај 35 од смртните случаи (79,5 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.

На 19 јули, според извештаите од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, ГОБ „8 Септември", Болницата во Козле, клиничките болници во Битола и Штип, општите болници во Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар, хоспитализирани се 392 лица позитивни на ковид-19, од кои 102 се на кислородна поддршка, а пет на механичка вентилација, стои во извештајот на ИЈЗ.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе