Министерство за здравство

Идната недела се очекуваат вакцините против грип

Вакцините против сезонски грип кои се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер" се очекува идната недела да пристигнат во државава. Согласно препораките на Комитетот за имунизација, временската рамка за вакцинација е почетокот на ноември, информираат од Министерството за здравство.

Посочуваат дека вкупно се набавени 40.000 дози на четири типни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години.

Веднаш по пристигнувањето на вакцините ќе започне и закажувањето на термините.

Сезонската имунизација против грип во Здравствен дом – Скопје ќе се одвива во поликлиниките Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.

Измунизацијата ќе биде со упатување од матичен лекар преку системот „МојТермин" во период од 14 до 19 часот. Kомерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, каде и ќе се врши вакцинирањето. Центарот за јавно здравје Скопје ќе набави 4000 вакцини, а цената на една вакцина ќе чини 800 денари, потенцираат од Министерството за здравство.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе