Идната недела ќе стигнат 70.000 вакцини, донации од Грција и од Бугарија, најави Филипче

Во моментов во земјата има вкупно 230.000 вакцини за ревакцинација, а за прва доза се трошат последните 10.000, но веќе од наредната недела се очекуваат 20.000 вакцини донација од Грција и 50.000 вакцини што ќе ги донира Бугарија, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според Филипче, наредниот месец ќе стугнуваат „Фајзер“ вакцини според предвидената динамика, а се очекуваат и кинески и вакцини од Ковакс механизмот, со што темпото на вакцинација ќе биде исто како до крајот на минатата недела. Засега нема информација за пристигнување нови количини од руската вакцина „Спутник“.

Во однос на македонските граѓани што се вакцинираа во Србија, Филипче кажа дека оттаму не можат да се извезат вакцините „Астразенека“ за ревакцинација, па овде ќе се обезбедат одредени количини од таа вакцина за ревакцинирање на лица над 60 години.

Граѓаните над 60 години кои првата доза ја примиле во Србија а сакаат да се ревакцинираат во Македонија, ќе можат да се пријавуваат на линк за ревакцинација на веб платформата „vakcinacija.mk“, со што ќе влезат во нашата евиденција на вакцинирани, а останатите под 60 години ќе се ревакцинираат во Србија, по што ќе можат да се пријават кај матичен лекар дека примиле две дози вакцини. Инаку, досега, според Филипче, од Србија не е добиен список на македонски граѓани што се вакцинирале таму. Инаку, сите сертификати добиени од Србија се валидни исто како и македонскиот сертификат, а Филипче најави дека во завршна фаза е и изработката на апликацијата за грин-пас.

Одговарајќи на новинарски прашања, Филипче кажа дека во текот на летото ќе се врши евалуација на сите препораки и ќе се подготвува протокол за подготовка на настава со физичко присуство. Доколку се реши да се вакцинираат децата од 12 до 16 години, тој вели дека има количини од „Фајзер“ и ќе се зачува.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе