Министерот за смртноста на пациентите

Иако имале други сериозни болести, ако пациентите се позитивни на ковид-19 влегуваат во листата на починати од вирусот, потврди Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција пред новинарите во врска со пациентите што се заведени како починати од ковид-19 рече дека иако пациентите се со претходни тешки болести, од кои долго се лекувале, сепак ако се позитивни на ковид-19 се впишуваат во статистиката на починати од коронавирусот, „сѐ со цел да се има една реална епидемиолошка слика“.

На новинарско прашање во врска со обвинувањата дека семејствата тврдат дека пациентите се починати и од други болести и причини, односно дека имале тешки заболувања од кои се лекувале долго време, а се пишуваат како починати од ковид-19 ако биле позитивни на вирусот, Филипче одговори дека тоа е така.

„Тоа е навистина така, но останавме доследни на тоа што го кажавме од почетокот, дека и покрај сериозната болест, сепак ако се заболени од ковид-19, се впишуваат во таа статистика на починати од ковид-19. Тоа е битно за да имаме реална епидемиолошка слика“, одговори Филипче. 

Министерот за здравство појасни дека се завршуваат анализите за смртноста и дека огромен процент од пациентите се со коморбидитети, односно тешка форма на хронична болест, но и такви што доаѓаат во болница со многу тешка клиничка слика.

85 отсто од починатите се со коморбидитети, а за оние што доаѓаат доцна, многу тешко е да се каже зошто доцна доаѓаат на лекување.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе