9 месеци никој не ги видел роднините заради превентива од заразата

И покрај забранетите посети, во геријатриската болница во Скопје позитивни на ковид-19 се 43 пациенти

И покрај тоа што се забранети посетите и никој од семејствата 9 месеци ниту влегол, ниту ги гледаат повозрасните кои се сместени во домовите за стари лица, и во овие установи има позитивни на ковид-19. Од Министерството за МКД.мк одговорија дека во моментот во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември" Скопје во Оддел за палијативна медицина хоспис Сју Рајдер Скопје се лекуваат вкупно 43 позитивни пациенти, додека пак во Оддел за палијативна медицина хоспис Сју Рајдер Битола од почетокот се регистрирани 47 позитивни пациенти, на кои им истекува 20 дневната изолација од позитивниот тест, по што ќе се сметаат за излечени.

Од Министерството за здравство велат дека на пациентите постојано им се следи здравствената состојба, како и дека сите пациенти се со стабилна здравствена состојба и стабилна клиничка слика.

„Во установата, состојбата со ковид-19 е навремено детектираната и веднаш е ставена под контрола согласно дадените мерки и протоколи за справување со здравствената криза. Од редот на вработените во Установата, позитивни се вкупно 11 вработени лица, од кои 5 биле во близок контакт со позитивен член на семејството. На боледување е една вработена. Денес ќе се тестираат 5 вработени кои имаат симптоми. Сите вработени се во добра здравствена состојба. Здравствениот персонал од Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина "13 Ноември" во изминате месеци успешно се справи во лекување на пациентите со корона вирусот. Во изминатиот период, болницата со своите капацитети и медицински персонал одговри на пандемијата со вкупно 17 излекувани пациенти од исто толку вкупно заболени", велат од МЗ.

К.Д.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе