Германски тестови се продаваат во аптеките на Зегин и Виола

Сега и дома за 30 минути може да проверите дали сте заразени со ковид-19

Со стапче за брис во домашни услови за околу 30 минути може да проверите дали сте заразени со ковид-19. Во поголемите аптеки на Зегин, како и во аптеките на Виола, тестови за домашна употреба за коронавирусот се продаваат по цена од 490, односно 560 денари. И оние во Зегин, кои се со пониска цена за 70 денари од оние во аптеките на Виола, се тестови што се произведени во Германија, а во земјава се продаваат со дозвола од Министерството за здравство.  

Со тестот граѓаните добиваат и упатство за тоа како се користи, односно препораките се дека треба да си земете брис од нос што подлабоко, па потоа да го ставите во течноста и да почекате дали ќе се обои или не, за да знаете дали сте негативни или позитивни на ковид-19.

Во неколку аптеки во главниот град ни беше кажано дека тестовите многу брзо се трошат, односно голем дел од граѓаните купиле тест за домашна употреба, кој, според вработените во аптеките, за половина час го детектира ковид-19. Фармацевтите велат дека тестовите се со висок процент на точност, но сѐ зависи од тоа во кој период се тестирате и дали правилно го земате брисот од нос.

Во Зегин ни кажаа дека овој тест го продаваат околу две до три недели. За во аптеките на Виола, вработените велат дека брзиот тест за ковид-19 го имаат во продажба повеќе од еден месец.

Според искуствата на граѓаните, овие тестови знаат и да погрешат, односно прво да добијат негативен резултат, а потоа на ПЦР-тест да бидат позитивни.

Дел од граѓаните за земање на брис повикале и медицинско лице што им е позниник со цел правилно да може да се направи тестот. Тие сметаат дека сами не би можеле да си земат брис и дека тоа сепак треба да го направи медицинско лице, бидејќи ако брисот е површен, нема точен резултат. 

Има и граѓани на кои брзиот тест им дал точен резултат, односно во периодот на изолација по близок контакт со заразен од ковид-19 се тестирале и биле негативни, а не развиле симптоми ниту по 2 недели изолација.

Од Министерството за здравство за МКД.мк одговорија дека тестовите што се продаваат во аптеките се регистрирани, но појаснуваат дека единствени валидни резултати за утврдување дали некој е позитивен или негативен на вирусот сарс-ков-2 се добиваат во овластена референтна лабораторија за тестирање со ПЦР антигенски или рапид-тест. 

К.Д.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе