И матичните лекари од идната година ќе можат да закажуваат специјалистички прегледи

Во јануари или февруари идната година во целост ќе се смени системот, па матичните лекари ќе можат да закажуваат прегледи за кои досега ингеренции имаа специјалистите, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според Филипче, и сега, но и во текот на целиот изминат период додека трае пандемијата на ковид-19 има поплаки од граѓаните дека не можат да одат на различни клинички прегледи. Една од причините е што рентген институтите и местата каде се вршат рентегн испитувања во болниците се наменети само за ковид-пациенти и тоа ја отежнува ситуацијата и ги намалува капацитетите во однос на број на прегледи.

„Разговаравме со директорот на радиологија каде што притисокот е најголем, но и  со дел од УО на Лекарската комора каде членуваат матичните лекари. Начелно договоривме менување на моделот, односно не само специјалистите, туку и матичните лекари да закажуваат прегледи кои сега не можат да ги закажуваат. Целосно следната година ќе се смени сликата. Можеме и сега да интервенираме, но нема да биде трајно решение. Во јануари или февруари кога ќе се инсталира целата опрема што треба да стигне како донација од Европската Унија, тогаш моделот целосно ќе се воспостави“, информира Филипче.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе