Состојби со болничките капацитети

И денеска во пораст бројот на болнички лекувани пациенти од ковид-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 750 лица (за 28 пациенти повеќе од вчера) и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите.Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти. Во скопските болници примени се 34 пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани уште 34  пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 307 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. На ГАК има шест хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 307 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 44 слободни места.

По извештаите на болниците кои до Министерството за здравство пристигнаа од другите болници и ковид центри низ Македонија - во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 72, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 48, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе