Хотелите „Молика“, „Попова Шапка“ и „Славија“ на ЕСМ ќе примат лица во државен карантин

Електрани на Северна Македнија (ЕСМ) соопшти дека нивниот хотел „Молика“ на Пелистер од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица кои ќе се вратат назад во земјава од други земји.

Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот.
„Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација“, велат од АД ЕСМ.
За овие потреби, од страна на ЕСМ на располагање се ставени и хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, каде во текот на утрешниот ден се очекува да бидат сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство.
 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе