Не функционираат службените мејлови

Хакирани министерствата за здравство и за образование

Министерството за здравство соопшти дека е хакирана и во моментов не функционира неговата веб-страницата и дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата. Хакирано е и Министерството за образование и наука откако синоќа беа нападнати од македонските „Анонимуси". 

„Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме. Нашата комуникација со медиумите ќе се одвива преку привремената е-маил адреса: [email protected]“, стои во соопштението

Од Министерството посочуваат дека сите прашања медиумите да ги испраќаат на споменатата адреса и тие ќе бидат одговорени во најбрз можен рок.

Минатата недела не функционираше сајтот на Државната изборна комисија (ДИК), а цел на хакерски беше и агрегаторот на вести Тајм.мк.

„Пак ние. Овој пат најбедното министерство е наш таргет, министерството за смрт. После сѐ што видовме со наши очи не можеме а да не останеме гневни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат Министерство за здравство каде што здравјето и животите на сите тука ни зависат. И покрај сите гневни пораки сега ќе испратиме и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, ви спуштаме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, стои во пораката која ја испратија хакерите.

Црна позадина со текст и слика од „Анонимуси“ се појави вечерва на сајтот на Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство.

Одговорноста за хакерскиот напад ја презема групата која стои зад профилот ANONOPSMKD, а која призна дека е одговорна за паѓањето на страницата на Тајм.мк, најголемиот македонски агрегатор за вести, во средата, додека сите медиуми ги пренесуваа вестите од резултатите од десеттите парламентарни избори.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе