Системот мора да најде начин да ги заштити со протоколи во училиштата

Хаџиванова: Голема група на деца се отфрлени, исмеани, потценети... состојбата со менталното здравје е застрашувачка

За жал, секојдневно со голема тага ја сочувствувам душевната болка предизвикана од булингот во сите свои форми, кој имам чувство дека е крајно метастазиран, вели . Ивана Хаџиванова психолог, Психотерапевт од Неокортекс-Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Причина за нејзината изјава која се однесува на булингот е настанот со самоубиството на средношколецот во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин". Таа укажува дека состојбата со менталното здравје на младите е застрашувачка, а младите се анксиозни, депресивни...

„Состојбата со менталното здравје на младите е застрашувачка, особено последниве неколку години. Младите се во голем процент (социјално) анксиозни и депресивни, со адолесцентски кризи. Во развојна фаза предизвикувачка како адолесценција, со сите свои промени, има голема група на деца кои се отфрлени, исмеани, неприфатени, неслушнати, невидени, потценети и жртви на секојдневно психо-физичко насилство кое остава длабок траг. Секако тука е и сајбер булингот, крајно достапен и раширен поради кои многу деца сменија училишта. Булингот кај некого предизвикува трауматски стрес кој најчесто после хронично амортизирање, може да ги исцрпи личносните снаги и да доведе до декомпензација. Адолесцентите се во процес на развивање на своите емоционални, психички и интелектуални капацитети и одбрани, карактер, идентитет, социјален круг и самодоверба. Тие се ранливи и чувствителни во овој комплексен процес, и потребно им е внимание, почит, разбирање, поддршка од семејството и професорите, слух, совет, објаснување, мотивација, насока, социјална прифатеност, амортизација на нивните емоции...", вели психологот Хаџиванова.

Укажува дека системот мора да најде начин да ги заштити децата и младите со протоколи во училиштата, а тие мора да се запознаени со механизми и процедури кои ќе им бидат на располагање ако се најдат во неадекватна ситуација за нив, која не ја заслужуваат и не треба да ја трпат.

„Механизми кои мора да почнат да функционираат за децата да почнат да говорат гласно, да веруваат и да се почувствуваат безбедни и заштитени! Психо-едукација, работилници и психолошка поддршка за младите е неопходна. Потребна ни е стратегија за рана детекција на депресија и интервенција кај младите. Премногу пати во мојата пракса сум ја чула приказната дека ништо никој не превзел, а секаде било пријавено. Или дека се молчи од срам, страв, неверување, закани, немање поддршка...Во едно училиште не смее да е се дозволено и да секој се однесува како сака, да зборува и да постапува како му дојде и како му е волја. И професор, и ученик, и секој друг вработен. Исто како и во било која институција и организација. Зборот и постапката имаат последици, а насобрани заедно со други фактори некогаш може да се трагични. Секој нека тргне од разговори со своето дете пред се. Контрола врз однесувањето на децата и младите, соработка со училиштата, учење на почит, емпатија, другарство и прифаќање на различности. Проблемот ни е мултифакторијален и на повеќе нивоа, и не смее повеќе да се чека", додава Хаџиванова.

Таа повика и на внимателно известување и говорење во однос на сите случаи врзани за згаснат живот со суицид, со оглед на ризикот од Вертеров ефект.
„Зарем вакви загуби да имаме, за да се освестиме и промениме!? Мораме сите заедно, здружени. Длабоко сочувство за семејството и блиските, за бескрајната болка... Почивај во мир ангелу", е завршната порака од психологот. 

 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе