Претседателката на Комитетот за имунизација

Грозданова: Вакцината „АстраЗенека“ е добра за лица со алеригии за разлика од „Фајзер“

Претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, во вечерашното гостување на „Топ тема" на телевизијата „Телма" нагласи дека сите вакцини против Ковид-19 се безбедни, но некои се покажале дека не се препорачливи за лица со алергии, како вакцината на „Фајзер".

Во однос на вакцината на „АстраЗенека", која треба да стигне кај нас во март преку КОВАКС механизмот, а за која во светот се води дебата околу нејзината ефикасност, Грозданова појасни дека таа се покажала неефикасна за јужноафриканскиот сој на вирусот кај постари лица. Но, дека вакцината е добра за лица со алергии.

„Голем број на земји се вакцинираат со „АстраЗенека", вклучително и Велика Британија. Вакцината на „АстраЗенека" е висококвалитетна. Она што се виде дека, всушност, не станува збор за безбедноста на вакцината, туку таа покажа помала ефикасност кај популацијата над 65 години. Но, вакцината обезбедува доволно антитела и кај оваа популација, односно обезбедува над 60 проценти заштита. Се потврди дека таа не заштитува од јужноафриканскиот сој на вирусот. Меѓутоа, тоа е нешто што може да го очекуваме во континуитет и за другите вакцини, заради мутациите ќе се јавуваат промени на самиот вирус, па вакцините, особено „Фајзер" и „Модерна" ќе мора да се адаптираат на новите мутации“, објасни професорката Грозаднова.

Според неа, можеби треба да бидеме среќни што преку КОВАКС механизмот ќе ја добиеме токму вакцината на „АстраЗенека", бидејќи таа се покажа дека е добра за лица со алергии и е со потврдена ефикасност.

Претседателката на Комитетот за имунизација потенцира дека приоритетите на нашите здравствени власти биле да добиеме вакцини кои се безбедни и ефикасни.

Таа вели дека според бројот на популацијата Македонија многу лесно и многу брзо ќе ја заврши имунизацијата доколку брзо пристигнат поголем број на вакцини.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе