Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има" ја потсетува Владата на законските обврски за референдумот

Во денешното писмено обраќање до Владата на Македонија граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има" ги потсетува државните институции за почитување на законските рокови за распишување референдум.

„Согласно Законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните (член 68, став 1 и став 2), имате обврска да ја известите Државната изборна комисија да ги отвори подрачните одделенија за почнување на постапката за собирање потписи за распишување референдум на државно ниво за одлучување против нацрт законот за учебници и наставни материјали во основно и средно образование.

На 28 мај 2021, претседателот на Собранието не извести дека граѓанската иницијатива е уредна и истата е доставена до претседателот на Владата. Очекуваме во најкраток рок да ја известите ДИК  да ги отвори подрачните одделенија за да можат граѓаните да го дадат својот потпис за поддршка на граѓанската иницијатива. Имаме законскиот рок за собирање на 150.000 потписи од граѓани.

Ако ние како граѓани сме должни да ги почитуваме законите и да делуваме согласно законите, тогаш од вас го очекуваме истото“, се вели во писмото на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ до Владата.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе