Граѓаните се вакцинираат без закажан термин, продолжува и теренското вакцинирање

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 467.822 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 12.053 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 293.139 граѓани. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, соопшти Министерството за здравство.

„Со последните бројки 60% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 58% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина . Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 арена во Скопје", соопшти Министерството за здравство и упатува апел до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе