Голем успех на македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика

Еден сребрен медал и две олимписки пофалби добија учесниците на македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува онлајн под домаќинство на Украина.

Дамјан Давков од Штип со освојување на сребрениот медал влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика која се одржува веќе шест години по ред.

„Македонските тимови при досегашните учества на оваа олимпијада имаат освоено 3 бронзени медали, а успехот на јуниорите ветува дека во иднина ќе имаме и одлични натпреварувачи за интернационалните натпревари на средношколско ниво“, велат од Здружението на информатичарите на Македонија.

Покрај сребрениот медал за Дамјан, одличје олимписка пофалба освоија и Никола Стојковски и Владимир Грчев.

„Тимот кој ја претставува нашата земја е составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)“, информираат од здружението.

Годинава пред македонските информатичари се и Балканска олимпијада по информатика, на почеток на октомври, во Букурешт, Романија и Европската олимпијада за девојки во Анталија, Турција во втората половина на октомври.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе