Процес на имунизација против ковид-19

Голем интересот за трета доза вакцина, ама за прва доза сѐ помалку пријавени граѓани

Во текот на вчерашниот ден дури 3.300 граѓани примиле трета, засилувачка доза вакцина против ковид-19. Во исто време никако да се поткрене процентот на вакцинирано население. И натаму само една третина од вкупното население е вакцинирано со две дози што е далеку од стекнување на колективен имунитет. Вчера прва доза вакцина примиле само 43 граѓани.

„Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе