Годишно во државата се раѓаат 600 предвремено родени бебиња

Годишно во нашата држава се раѓаат 600 предвреме родени бебиња на кои покрај борбата за живот, правилната нега и грижа треба да им се овозможи и максимално можен квалитет на живот во иднина. Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) како најповикана институција и прв дом на сите предвреме родени дечиња, ја продолжува традицијата и заедно со сите центри во светот денеска ќе го одбележи 17 Ноември – Светскиот ден на предвреме родените дечиња.

Мотото под кое ќе се одбележува годинава овој ден е „Роден прерано: Обезбедување на соодветна грижа, во соодветно време, на соодветно место“, а целта е подигнување на јавната свест во општеството со цел подобри резултати во згрижување на предвремено родените бебиња.

На настанот во просториите на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе се обратат директорката на ЈЗУ ГАК доц. др. Викторија Јовановска, началничката на Одделението за интензивна нега прим.др. Елизабета Петковска, како и претставникот од граѓанската организација „Лулка“ со која Клиниката има потпишано меморандум за соработка при што ќе бидат изнесени реализираните заеднички активности во изминатата година. Најавена е и прес-конференција во амфитеатарот на ЈЗУ У ГАК на која ќе бидат презентирани новите статистики за намалување на смртноста кај новороденчињата, како и за набавката на нов апарат.

Како што соопштуваат од Клиниката, на настанот ќе присуствуваат и сопругата на претседателот на држвата, првата дама Елизабета Ѓоргиевска како и Зорица Заева, сопруга на премиерот на државата.

Предвидено е Ѓоргиевска и Заева да ги посетат просториите на Одделението за интензивна нега на недоносените новороденчиња, а ќе се одржи и настан посветен за најмалите дечиња кои биле поранешни пациенти на Одделението за интензивна нега на ГАК.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе