Годинава рекорден број на заболени од СИДА

Според податоците од Институтот за јавно здравје во 2019-та има 57 новооткриени, 16 повеќе од лани. Меѓу новозаразените само 2 се жени, а повеќето мажи вирусот го добиле по хомосексуален пат. Просечната возраст е 34, а има и 19 годишни и лица над 50 години. Речиси половина од новите случаи се од Скопје, а инфицирани има и во други 12 градови.

Во Битола годинава има пет нови случаи.

Годинава во државата 700 лица бесплатно се тестирале за Хив. Само кај една третина вирусот бил навреме дијагностициран што е клучно за понатамошниот третманот. За 32 години од првиот случај во државата регистрирани се 460 лица со ХИВ/СИДА, 104 починале.

 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе