Синот ја однел со возило

Го украл телото на починатата мајка од тетовската ковид-болница

Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил неколку минути пред полноќ. 

„Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од ковид -19 и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.

Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот ковид-центарот информираа дека имаат само смртен случај на починато лице поради коронавирус. 

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе