Интервју со главниот извршен директор на клиничката болница

Ѓун Ѓунсој: Златниот печат останува главното обележје за „Аџибадем Систина“

Четириесетгодишниот Ѓун Ѓунсај е еден од бројните здравствени менаџери излезени од здравствената групација „Аџибадем“ во Турција. Од таму, пред шест месеци тој беше префрлен во Скопје како нов извршен директор на „Аџибадем Систина“. Златниот печат што оваа болница го доби уште во 2016 година во однос на медицинската грижа, годинава е потврден со реакредитацијата во однос на почитувањето на светските стандарди и високопрофесионалната услуга. Ѓунсој е убеден дека болницата и во иднина ќе биде лидер во регионот.

Ѓун Ѓунсој по предлог на Орка холдинг од мај годинава стана нов извршен директор на клиничната болница „Аџибадем Систина“.

 

- За мене е огромна чест да ја извршувам позицијата извршен директор на клиничката болница „Аџибадем Систина“, на која бев назначен пред пет месеци, кога господинот Јордан Камчев одлучи да се повлече од извршните функции на Орка холдинг и „Аџибадем Систина“, но остана да биде дел од управувачката структура, како претседател на Одборот на директори и на двете места. За мене претставуваше чест понудата од страна на Орка холдинг и воопшто не се двоумев дали да ја прифатам позицијата. Бев запознаен колку успешно работи „Аџибадем Систиина“ во земајва и во регионот и сум среќен што се создаде прилика да бидам дел од оваа успешна приказна, која ќе продолжи и во иднина, стремејќи се кон подобрување на услугите кои ги нудиме.

Со какво искуство зад себе дојдовте на оваа позиција и какви се вашите очекувања?

- Веднаш откако дипломирав здравствен менаџмент работам во болници од А класа. Последниве 9 години сум дел од здравствената групација „Аџибадем“. Пред да станам извршен директор на „Аџибадем Систина“, мојата последна позиција беше директор на болницата „Аџибадем Козјатаги“ и медицинскиот центар „Аџибадем Аташехир“ во Турција, каде сè уште ја извршувам директорската функција. Во здравствената групација „Аџибадем“, наместо лични, имаме заеднички очекувања, и да се биде дел од тимот што ги постигнува истите е привилегија. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е најголемата, најдмодерна и најопремена приватна болница во регинот, чија визија и стратешка цел е квалитетна и високопрофесионлана услуга за пациентите, која континуирано се усовршува и ќе продолжи така и во идинина. Ние секојдневно докажуваме дека сме најдобри во регионот, а доказ за тоа се најсовремените медицински апарати кои болницата ги поседува, високопрофесионалната услуга и светските стандарди по кои работиме, за што потврда е првоакредитацијатата, а потоа и реакредитацијата, која што „Аџибадем Систина“ ја доби од Joint Commission International (JCI).

Во мај 2016 година „Аџибадем Систина“ го доби златниот печат и стана прва акредитирана болница во Македонија од најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет JCI. Сега со реакредитацијата повторно докажа дека ја дава најдобрата медицинска грижа. Голем предизвик, но и голем успех. Што значи овој печат за вашата болница?

- Да се биде дел од втората по големина групација на болници во светот (IHH) значи одговорност за нивото на услуги што се пружаат. СоJCIимаме можност да ги споредуваме и тестираме нашите интерни процедури наспроти светски прифатените стандарди. Овој печат е симбол на нашата посветеност кон безбедноста на пациентите. Златниот печат истовремено е доказ дека пациентите во клиничката болница „Аџибадем Систина“ добиваат квалитетна, високопрофесионална и ефикасна здравствена услуга во целокупниот процес на лекување, почнувајќи од приемот, сè до дијагнозата, третманот и понатамошната рехабилитација. Станува збор за најпрестижна болничка акредитација во светот, поради строгите стандарди кои се фокусирани на области кои директно влијаат на грижата и лекувањето на пациентот и која има акредитирано приватни и државни здравствени установи во повеќе од 100 држави низ светот. Сакам да потенцирам дека „Аџибадем Систина“ беше првата болница во земјава што ја доби оваа престижна акредитација во 2016 година, а годинава уште еднаш потврди дека работи по светски стандарди, добивајќи и реакредитација од Joint Commission International.

Колку овие стандарди значат промена во работата на болницата, и каков бенефит даваат за пациенитети и вработените?

- Главната придобивка сигурна и безбедна здравствена заштита  за нашите пациенти, нивните семејства, но и безбедност за нашите вработени. Секоја мерка се планира и приспособува според универзалните правила, се проценува во текот на и по применувањето и доколку е потребно се усовршува и подобрува.

Ваше видување за здравството во земјава и регионот? Зошто е толкава разликата меѓу она што го нуди државното здравство од приватните болници?

- Приватните институции имаат поголеми можности за мобилност и адаптација и важат за далеку поконкурентни во поглед на здравствените услуги што ги нудат поради високостручниот кадар со кој располагаат и софистицираната опрема што ја поседуваат. Најсуштинската разлика помеѓу државното и приватното здравство се согледува пред сѐ во опремата, односно во нејзиниот квалитет и од тој аспект конкурентноста е неспоредлива, за што доказ е сѐ поголемиот број на пациенти кои се лекуваат во приватни установи, што не е случај само во Македонија, туку и во регионот. Сметам  дека недостига поголема соработка помеѓу прватните и јавните здравствени установи.

Од вашето искуство кој модел според вас би бил најдобар за решавање на проблемите во македонското здравство? Јавно приватно партнерство....?

- Приватниот сектор во Македонија, доколку биде поддржан со стимулации од владата, може квалитетно да одговори на сите досегашни и претстојни здравствени потреби на регионот. Наместо јавните средства да се трошат на зграда за која е потребно многу одржување и технологија што треба да се ажурира на секои две години, највисокото ниво на здравствена заштита може да се купи од приватни здравствени институции.

Кои се вашите следни проекти и инвестиции во однос на нови оддели/технологии и како ја оценувате конкуренцијата во нашата држава?

- „Аџибадем Систина“, како врвен медицински центар во земјава и регионот, посакува и охрабрува постоење на лојална конкуренција која ќе влијае на подобрување на стандардите во здравството во Македонија. Во моментов се плашам дека сме сѐ уште во фаза на постоење на нелојана конкуренција. На пример, постојат дел од приватните здравствени центри кои увезуваат расходувана опрема, без да постои соодветна проверка од релевантните здравствени власти дали таа опрема нема преголемо ниво на зрачење кое е штетно за пациентите. Или пак земете го примерот каде Министерството за здравство не ги контролира сите болници подеднакво, дали исполнуваат услови за работа на одредени оддели од аспект на постење на доволен број на лиценциран и квалификуван кадар. Лесно е да се атакува конкуренцијата со пониски цени во други индустрии, но во медицината не смеат да постојат импровизации ниту од аспект на опрема, ни од аспект на професионаелн лекарски кадар.

Ние во „Аџибадем Систина“, како најсовремена и модерна болница, континуирано ги подобруваме и прошируваме услугите кои ги нудиме, имплементирајќи ги најновите достигнувања во медицината, со најнова и врвна технологија.

Дел од нашите идни проекти е отворање на Оддел за детска кардиохирургија, кој ќе започне да функционира во текот на овој месец. Македонскиот лекарски тим и единстевниот лиценциран детски кардиохирург во земјава д-р Владимир Чадиковски ќе бидат потпомогнат од врвни кардиохирурзи од Турција. Станува збор за докажани кардиолози и кардиохирурзи, исклучително ценети во Турција, кои имаат долгогодишно искуство во извршувањето на кардиохируршки интервенции кај деца и кои зад себе имаат над 15.000 успешни операции. Одделот ќе располага со најсовремена и врвна опрема за ваков вид на итервенции, кои ќе се изведуваат во соработка со Фондот за здравствено осигурување.

Крајната цел е да се преслика успешното искуство кое болниците на „Аџибадем“ во Истанбул го имаат со детската кардиухирургија и во иднина да прерасне во референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во Македонија, туку и на целиот Балкан. Освен тоа, во претстојниот период ќе претставиме нови оддели, поддржани со напредни техники и технологии кои ќе можеме да ги откриеме наскоро.

А.Д.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе