Со ангажман на амбасадорката Холштајн

Германија ѝ донира на Македонија 72.000 брзи антигенски ковид тестови

Донација од 72.000 брзи антигенски ковид тестови во вредност од 298 илјади евра, наменети за јавните здравствени установи и ковид центри во земјава, денеска му предаде германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн на министерот за здравство Венко Филипче.

„Среќна сум што денеска предавам уште една донација за македонското јавно здравство, финансирана од Министерството за надворешни работи на Германија преку Организацијата за помош и заштита од катастрофи. Германија од почетокот на пандемијата го поддржа здравствениот сектор на Северна Македонија со околу 1,45 милиони евра", изјави Холштајн по предавањето на донацијата.

Таа нагласи дека Германија е и коосновач на платформата за снабдување со вакцини и нејзин најголем донатор со 2,1 милијарди евра и додаде дека Ковакс снабдува 142 земји со вакцини против ковид-19 од кои многу ги добиваат бесплатно.

„При тоа секое петто евро доаѓа од Германија, а секое трето евро од Европската Унија. Нашата цел е сите во светот да може да ја добијат потребната вакцина бидејќи ние сме безбедни дури тогаш кога сите ќе бидат безбедни", истакна Холштајн.

Министерот Филипче рече дека денешната донација е уште еден чекор напред во, како што кажа, континуираната соработка во изминатите повеќе години што е значајно интензивирана од почетокот на ковид кризата.

„Во изминатата година Германија преку амбасадата донираше значајна количина на лична заштитна опрема, респираторни машини, специјални заштитни маски, а сега и брзи антигенски тестови", изјави Филипче заблагодарувајќи ѝ се на амбасадорката Холштајн.

Тој рече дека често пати низ меѓусебната комуникација укажувал што ѝ е потребно на земјава и дека амбасадорката секогаш кога имаше можности излегуваше во пресрет.

„Сега разговараме за следните чекори на соработка, веројатно некоја форма која Германија ја иницира на ниво на Европската Унија, а тоа е соработка во време на пандемија во која ќе бидат вклучени сите аспекти на оваа криза од делот на заштита, лекови, стратегија во однос на пристапот и вакцините", информира Филипче.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе