Вредна помош

Германија донира респиратори и пулс-оксиметри

Германија денеска на македонското Министерство за здравство му донираше респиратори и пулс-оксиметри во вредност од речиси 900 илјади евра, како и помош за поликлиниката во Шуто Оризари.

Амбасадата на Германија денеска во Министерството за здравство предаде донација од 84 респираторни машини и 100 пулс оксиметри со вкупна вредност од 878.768 евра, во рамки на поддршката на Германија за земјите од Западен Балкан.

Амбасадата соопшти дека донацијата се реализира благодарение на одличната соработка меѓу владите на Германија и Северна Македонија и во партнерство со канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

„Секаде во Европа се справуваме со корона-пандемијата, а притоа европската солидарност е од големо значење. Сè додека не се безбедни сите, не е безбеден никој од нас. Од тие причини, Германија ја поддржува Република Северна Македонија во борбата со корона-пандемијата", информира Амбасадата.

Инаку денеска е предадена и германска донација во висина од 16 илјади евра во поликлиниката во Шуто Оризари. Набавена е опрема и медицински материјали, а дел од донацијата се и личната заштитна опрема и кислородните маски.

Донацијата од Германија е на иницијатива на сојузната Влада за време на германското претседателство со Советот на Европската унија.

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн истакна дека Германија досега го има поддржано регионот на Западен Балкан со 15 милиони евра, а Европската унија со три милијарди евра во кои Германија учествува со скоро една третина.

„Со оглед на состојбите, главен акцент на нашето претседателство беше справувањето со пандемијата и нејзините последици. Овде во регионот на Западен Балкан имаме партнери кои при борбата со пандемијата можат да се потпрат на нас", рече Холштајн, посакувајќи им брзо опоравување на сите граѓани кои се борат со вирусот.

За министерот за здравство Венко Филипче, донацијата е значајна бидејќи е набавена опрема со која ќе се зголеми пристапот и квалитетот на здравствена заштита на граѓаните од Шуто Оризари. Тој најави и реновирање на поликлиниката на почетокот на следната година, а во рамки на институцијата отворен е и центар за брзи тестови и има дежурна служба и лабораторија.

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе