Студентите по праксата во „Аџибадем Систина“

Галена Дулевска: Ни се исполнија желбите да се едуцираме во установа која нуди комплетна медицинска услуга

Се едуцираме од врвни доктори со долгогодишно искуство кои несебично беа целосно посветени кон нас и покрај нивната работа со пациентите, што е исклучително ретко во останатите медицински установи, вели Галена Дулевска, студент на општа медицина од 6 –та година која во изминативе два месеци посетуваше пракса во Клиничката болница Аџибадем Систина.

Пред крајот на првиот дел од aкадемската пракса Аџибадем Систина разговаравме со Галена Дулевска, координатор на 6-та година Општа медицина на Факултетот за медицински науки при Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ во Штип. Група студенти од 9 ноември, досега, беа дел од академската пракса и тимот на КБ,, Аџибадем Систина’’.

Праксата на студентите на Општа медицина 6-та година се одвива според претходно направен план како резултат на склучен договор помеѓу Факултетот за медицински науки при Универзитет “Гоце Делчев” – Штип и Клиничката болница “Аџибадем Систина”.

Во овие два месеци студентите ги посетуваа одделите Интерна медицина, Хирургија, Гинекологија и акушерство, Педијатрија, но и голем дел на изборни предмети како Дијагностичка и интервентна радиологија, Дерматовенерологија, Онкологија и радиотерапија, Оториноларингологија итн.

„Бевме поделени во групи по 8 студенти на еден оддел. Распоредот и групите по оддели ги правев јас како претставник на Општа медицина 6-та година во договор со проф. д-р Андреј Петров, деканот проф. д-р Милка Здравковска и продеканот проф. д-р Зденка Стојановска на Факултетот за медицински науки, УГД – Штип. Досега праксата што задолжително ја посетувавме во текот на студиите беше во Клиничката болница во Штип, а летната пракса се изведуваше по своите градови. Има голема разлика во искуството на студентите претходно во споредба со искуството во “Аџибадем Систина”, бидејќи имаме можност последната година од студирањето да ја посетуваме во најголемата и најопремена приватна болница во регионот, особено кога јавното здравство поради пандемијата со ковид-19 не може да ни обезбеди најсоодветна пракса која ни е неопходна за стекнување на потребното знаење и искуство како идни доктори. Благодарни сме што “Аџибадем Систина” ни обезбеди униформи, превоз, храна и целосна заштитна опрема за ковид-19. Воедно сите студенти сме презадоволни што се едуцираме од врвни доктори со долгогодишно искуство кои несебично беа целосно посветени кон нас и покрај нивната работа со пациентите, што е исклучително ретко во останатите медицински установи“, вели Галена Делевска.

Taa вели дека на сите студенти им се исполниле најголемите желби да се едуцираат во медицинска установа која нуди комплетна медицинска услуга на едно место, како современи медицински технологии и опрема, мултидисциплинарен пристап во  дијагностицирање и лекување на болестите, мониторинг на хигиената, врвен тим на доктори, а со тоа најдобра медицинска грижа на пациентите.

„Благодарејќи на тимот на “Аџибадем Систина” имавме можност да научиме многу нови работи, од земање на анамнеза, детален преглед, испитување, поставување дијагноза и лекување, па се до присуство на оперативни интервенции. Најголем впечаток мене и на моите колеги ни остави посветеноста и грижата на докторите кон нас како студенти, пренесување на нивното знаење и искуство, нивниот однос кон пациентите, координираноста меѓу докторите и мултидисциплинарниот пристап во лекувањето, што е многу важно за нас како идни доктори. Би сакала во оваа прилика да им се заблагодарам на целиот тим на Клиничката болница “Аџибадем Систина“, деканот проф. д-р Милка Здравковска и продеканот проф. д-р Зденка Стојановска на Факултетот за медицински науки, што ни овозможија да се стекнеме со потребните знаења и искуства што ќе ни помогнат во иднина да напредуваме и да придонесеме во градење на стабилен здравствен систем“, изјави Делевска.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе