Функционерите ќе може да патуваат само на состаноци за регионално координирање на мерките

Одлуката да се дозволи посета на функционери на соседните земји не значи да се дозволи кој било функционер да може да патува, туку таа се однесува само за регионални состаноци за координирање активности и мерки во однос на олабавувањето на мерките, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој појасни дека не станува збор за ништо друго, освен за организирани состаноци со причина да се координираат токму овие активности во однос на олабавувањето на мерките, а за што треба регионален пристап.

„Сите посети се одвиваат согласно протоколот, кој што за такви посети го донесе и Комисијата за заразни болести. Не станува збор да се дозволи на кои било функционери да може да патуваат, туку само за вакви состаноци заради што веќе се најавени средби со ваков повод“, изјави Филипче.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе