Филипче се сретна со Милош, кој со операција на срце пешачи по три часа до училиште

На деветгодишниот Милош, утрово му беа направени потребните здравствени прегледи. Драго ми е што резултатите од електрокардиографијата и ехокардиографијата се во граница на нормала и тој е добар, во стабилна здравствена состојба, ова го соопшти министерот Венко Филипче на Фејсбук.

„Се договоривме за една година повторно да дојде на преглед. Милош ќе расте во здраво дете и ќе биде наш иден спортист“, напиша министерот Филипче.

По сторијата на телевизија 24 за малиот Милош кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема пари ниту да направи контроли по извршената операција во Бугарија, реагираше лично министерот Венко Филипче.

Тој најави дека на Милош ќе му бидат направени прегледи, бидејќи деветгодишното дете е родено со срцева мана. Откако Милош е опериран пред девет години не направил никаков преглед, бидејќи неговите родители немаат пари. Семејството живее во тешка сиромаштија и бара помош од институциите.

Филипче преку неколку фотографии објавени на Фејсбук, докажа дека го исполни даденото ветување.

Ја слушам песнава на Северна Македонија за Евровизија на Јутјуб. Ја слушам и искрено, ми се плаче.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе