ФОН му додели титула почесен доктор на европратеникот Илхан Ќучук

Американскиот универзитет на Европа-ФОН, денеска на свечена церемонија му додели титула почесен доктор (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Македонија.

На свеченоста по повод доделувањето на титулата „почесен доктор“ на европратеникот Илхан Ќучук присуствуваа бројни гости, министри, амбасадори и претставници од државниот врв, меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петрова, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Бујар Османи министер за надворешни работи, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

Косопственикот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, м-р Сефер Цаноски пред присутните гости честитајќи му ја титулата почесен доктор на европратеникот Илхан Ќучук истакна дека ова признание му се доделува на млад човек кој со својот потенцијал секојдневно ги покажува европските вредности. Според Цаноски, Ќучук е пример како треба да се размислува колективно за доброто на сите.

„Емпатијата, работата и секојдневниот труд кој го вложува во својата кариера, поттикната со искреност, отвореност дури во едно тешко време на предизвици, покажува дека се вистински вредности кои секогаш излегуваат на површина“, истакна Цаноски.

Претседателот на Сенатот на АУЕ - ФОН, проф. д-р Насер Етеми во своето образложение пред присутните гости рече дека титулата почесен доктор му се доделува на европратеникот Ќучук за неговиот придонес во развојот на научната мисла, културата и високото образование, како и за помошта во процесот на евроинтеграцијата на Македонија.

„Како европратеник, г-динот Ќучук има значаен придонес за промоција на АУЕ-ФОН во европски рамки. На негова иницијатива, во јануари 2022 година на нашиот универзитет се одржа првата конференција „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“, со цел преку граѓанска иницијатива и низ серија конференции за соработка во областа на образованието, културата и младите, да се надминат разликите и да се приближат двата народи и држави. Со негова поддршка, АУЕ - ФОН и наставниот кадар се етаблираа и остварија значајни меѓународни соработки, особено со универзитетите од соседна Бугарија. Илхан Ќучук е продуктивна, почитувана и влијателна личност која со своите активности, не само што значително помага во процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, туку помага за интернационализацијата и европеизацијата и развој на македонската академска и граѓанска заедница“, изјави Етеми.

Ќучук истакна дека ова е признание не само за него како политичар и граѓанин, туку и за партиите од либералното семејство кои ги застапува и за кои образованието е највисока вредност во современиот свет.

„Образованието му дава напредок и развој на секое општество. Образованието е средство за зближување на луѓето, за поврзување на општествата. Образованието ја дава визијата на една земја. И иновативното, модерно и квалитетно образование од светска класа што Американскиот универзитет на Европа - ФОН го нуди на своите дипломци е гаранција дека Република Северна Македонија самоуверено го следи патот на вредностите што ќе ја направат дел од евроатлантскиот светот. Како постојан известувач на Европскиот парламент, го прифатив како моја кауза, правото на Република Северна Македонија целосно самостојно да го брани своето вистинско место во Европа, да бара нови партнерства и пријателства. И верувам дека со помош на Бугарија нема да биде далеку времето кога знамето на Северна Македонија ќе се вее во Брисел, покрај знамето на земјите-членки на ЕУ. Северна Македонија го избра патот да изгради мултиетничко општество во кое сите коегзистираат“, рече европратеникот Илхан Ќучук.

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе