Во Поликлиниката во Драчево

Физички нападната медицинска сестра, најостра осуда од ЗМСТАС

Во поликлиниката Драчево синоќа 41-годишниот Ј.Г. физички ја нападнал медицинската сестра М.Л. (60). Против Ј.Г., според МВР, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Физичкиот напад врз медицинската сестра следи по нападот врз доктор во тетовската болница што предизвика реакции и осуда од Министерството за здравство, Лекарската комора и Синдикатот на Клиничкиот центар. 

По нападот врз медицинската сестра денеска се огласи Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС со најостра осуда.

"Ова не е прв пат медицинските сестри да бидат изложени на напади. За жал, сметаме дека голема улога има и тоа што се уште немаме Закон за нашата дејност.

До кога треба да се чека да се променат работите во нашата држава?

Се чини дека дискутираме само тогаш кога ќе се случат немили настани како овој.

Недопустливо е да се дозволи сестринската фела да биде изложена на нехуманост. Апелираме до надлежните, особено до Министерството за здравство да ги преземат сите потребни активности за разрешување на случајот, но и пронаоѓање соодветно решение да не се повторуваат истите дејствија”, реагираат од извршниот одбор на Унијата предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС.

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе