ФИТР веќе помогна платформа за учење на далечина и функционира кај 20.000 ученици

На македонскиот пазар веќе постои платформа за учење на далечина, Џетмајндс (JetMinds.org), која функционира од 2019 година и опслужува повеќе од 20.000 ученици во основно и средно образование.

Од компанијата Сигмоид велат дека платформата JetMinds.org е првата дигитална платформа во Македонија. Продуктот е развиен од млад старт-ап тим, поддржан од Фондот за иновации, а во развојот на плтформата вклучени се повеќе од 30 професионалци - вклучително универзитетски професори, инженери, дизајнери и професионалци од други области.

„Џетмајндс не е продукт адаптиран од странство, туку станува збор за платформа која е целосно развиена тука во Македонија, а која работи на тоа да се шири и извезува во странство.  Џетмајндс ја прати и дополнува материјата од основно и средно образование. Имајќи предвид дека не е резултат на анти-кризна мерка, платформата е развивана подолг временски период и на истата не постои компромис помеѓу квалитет и квантитет. Досега системот нема ниту еднаш паднато. Користењето на Џетмајндс е во голем дел бесплатно“, велат од компанијата.

Џетмајндс учествуваше во повикот на Фондот за иновации #ПридонесиИти во периодот кога не постоеше ниту едно онлајн решение во државата. Платформата е целосно бесплатна за сите корисници со сите функционалности.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе