По драматично зголемениот број заболени од коронавирусот

Филипче: Засега не предлагаме полициски час

Koмисијата за заразни болести денеска ќе расправа за евентуални нови рестриктивни мерки, но министерот за здравство Венко Филипче смета дека сегашните мерки можат да ги дадат истите резултати какви што би се добиле од воведувањето полициски час, доколку се почитуваат. Притисокот врз здравствениот систем од зголемениот број пациенти е огромен, вели Филипче, и тоа е причината зошто сѐ подоцна навечер се објавува дневната статистика за бројот на новозаболените и починатите.

Помошта од армијата со санитетски возила е скапоцена, ќе го зголеми бројот на медицинските тимови што ќе можат да пренесат пациенти, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната церемонија заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска на која за потребите на здравствениот систем беа предадени пет санитетски возила во сопственост на Армијата, како и дека ќе бидат добиени уште две возила за внатрешноста на земјата.

„Здравствениот систем е под огромен притисок, ситуацијата е драматична, на состанок утринава разговаравме за распоред на пациентите, па сепак сметаме дека засега нема потреба од воведување на нови рестриктивни мерки“, рече Филипче, наведувајќи денеска повторно ќе се расправа за евентуални дополни мерки.

На прашањето дали Комисијата за заразни болести предлага воведување на полициски час како што се воведени такви мерки во некои соседни земји, Филипче рече дека секоја земја ги димензионира мерките врз основа на нивната епидемиолошка состојба.

„Денеска ќе има состанок Комисијата, можно е и да се разговара за евентуални нови мерки, на пример за органичување на работата на некои економски оператори и за ограничување на движењето. Но, утрово на нашата координација не стана збор за потребата од нови мерки“, рече Филипче.

Мерките што моментално се во сила можат да дадат исти резултати како воведен полициски час, се разбира доколку се почитуваат, како што е забраната за групирање и раното затворање на угостителските објекти, вели Филипче.

Во врска со објавувањето на статистиката за новозаболени и починати лица од ковид-19, Филипче рече дека навистина станува збор за огромни бројки и дека поради тоа е потребно повеќе време за обработка на податоците.

Министерката Шекеринска рече дека во овие моменти кога земјата се соочува со пандемијата, потребно е сите да бидат одговорни и да се најде начин за да се помогне.

„Со санитетските возила за потребите на итната помош значително се зајакнуваат капацитетите за брза реакција на здравствените институции во моменти на тешки здравствени ситуациии. Тоа се возила што даваат можност за транспорт на повеќе лица. Ги даваме како поддршка затоа што сега сите ресурси на државата треба да ги насочиме тука“, нагласи Шекеринска.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе