„Ќе земеме дел од тие материјали и брисеви и ќе се направи секвенционирање, за да видиме дали евентуално станува збор за мутација на британскиот сој на вирусот", рече министерот во изјава за Канал 5.
На Клиниката за нефрологија ковид позитивни се осум медицински сестри од вкупно 52 вработени, еден лаборант од вкупно двајца вработени и еден психолог. Заразени се девет доктори од 24 вработени во установата и тројца болничари од вкупно 17 вработени на Клиниката за нефрологија.