Од утре ќе се бараат дозволи од родителите

Филипче за скринингот на учениците: Не е ништо страшно, обичен брис се зема

Моделот за скринингот на учениците од основните и средните училишта е готов и утре Министерството за здравство заедно со Министерството за образование ќе почнат да бараат дозволи од родителите. За две недели, пак, ќе се воведе и нова мерка против коронавирусот, наменета за влез во затворени простории како што се угостителските објекти, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Моделот за скринингот е готов. Задоцнивме една недела. Требаше да започне оваа недела, но подолго траеше анализата во училиштата. Со оглед дека сега е спремна методологијата, од утре ќе бараме согласност од родителите. Верувам дека до почетокот на следната недела тоа ќе се обезбеди и ќе се спроведе скринингот.

Не е ништо страшно, обичен брис се зема, за да видиме дали ќе откриеме асимптоматски носители на вирусот. Во моментов нема заболени и хоспитализирани деца, освен 10 до 15 деца згрижени само во болницата Козле, а засега немаме податоци за трансмисија во училиштата“, рече министерот Филипче на денешната прес конференција.

Тој уште еднаш апелираше до родителите да одговорат позитивно на писменото барање од МОН нивните деца да учествуваат во скринингот на учениците низ училиштата во земјава.

Во однос на дополнителната мерка, најави дека ќе се дискутира во штабот во Владата, следната недела. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, како што рече Филипче, ќе остават дополнителни една-две недели, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини.

Запрашан за тоа дали има универзален протокол за лекување на ковид-19, рече дека станува збор за сериозна болест која кај различни граѓани се манифестира со различна клиничка слика, па оттаму и зависно од хроничните болести на пациентите, се преминува кон лекување со посебни протоколи според манифестацијата на болеста. Оттаму, рече Филипче, многу е важна консултацијата со матичен лекар и потоа и со лекар специјалист, претходно зборувајќи и за случајот со лекарот „фантом“ кој во домашни услови лекувал пациентка која потоа починала во болница.

„За случајот со лекарот ‘фантом‘ дознал лекар од ГОБ ‘8 Септември‘ кога пациентката била таму примена во тешка состојба. Известено е МВР и се постапува по случајот. Ексклузивно право за лекување во домашни услови на пациенти има само матичниот лекар“, рече Филипче.

Тој информираше и дека се намалува бројот на новодијагностицирани случаи, па оттаму не се чекаат термини за тестирање.

„Имаме по 300-350 новодијагностицирани случаи и може да се тестираат во центрите за јавно здравје кога било“, рече Филипче.

Тој денеска повторно ја нагласи важноста на вакцинацијата, смирувајќи дека здравствениот систем е подготвен за евентуален нов бран. Вакцинацијата, како ѓто рече, дава ефекти и нема зафатеност на болничките капацитети каде има поголем процентот на вакцинација. Како пример го спомена Кавадарци каде 60 проценти од населението е вакцинирано, а презафатеност на капацитетите има само во градовите со низок опфат на вакцинација.

„Вакцинираните доколку се заразат ќе бидат со полесна клиничка слика, така е во сите земји во светот каде има висок опфат на вакцинација. Со имунизацијата се штити сопственото здравје, јавното здравје, но и целокупниот здравствен систем. Не очекуваме висок бран и притисок кон болниците, но сме подготвени, има слободни капацитети, доволна количина на тестови“, додаде тој.

Инаку, до сега вакцинирани се вкупно околу 790 илјади граѓани од кои 750 илјади со две дози, а трета доза вакцина примиле околу 1.000 лица.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе