Филипче: За 24 часа вакцина примиле речиси еден отсто од населението

Министерот за здравсто Венко Филипче на својот Фејсбук-профил објави дека повторно имаме рекорден број аплицирани дози на вакцина во еден ден. Тој посочува дека за 24 часа една доза примиле речиси еден отсто од населението.

„Желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува. За да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира“, напиша тој.

Филипче ги повика граѓаните кои се уште се двоумат да се вакцинираат, бидејќи, како што вели, вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат тешка форма на болеста. -Вакцинирај се без закажан термин, додаде Филипче

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе