Во изјава за медиумите од Битола

Филипче: Втор случај на индискиот сој на ковид-19, нема место за паника

Потврден е уште еден случај на индискиот сој на коронавирусот во земјава, се работи за уште еден наш граѓанин кој дојде од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на реновираниот Здравствен дом во Битола. Филипче нагласува дека е важно да се вакцинираат граѓаните бидејќи вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт дури и кога се работи за индиската варијанта на вирусот и најави забрзан процес на вакцинација по наредната недела.

Станува збор за колега на првиот пациент од Ирак кај кого беше регистриран индискиот сој, рече Филипче и додаде дека вториот заболен симптимите ги пројавил подоцна од првиот кoj бил регистриран на 7 јуни. Двајцата биле на работа во Ирак, а со истиот авионски лет се вратиле во земјата.

„Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети и нема потреба од дополнителни анкети“, рече Филипче.

Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.

Филипче очекува кон крајот на месецот да пристигнат поголеми количини на вакцини во земјава, 100 илјади фајзерови и 500 илјади на Синовак и во текот на летото да се изврши имунизација на населението до степен на колективен имунитет. 

„Во период од две недели сите пријавени граѓани кои чекаат термин, а тоа се близу 180.000 лица, ќе добијат термин за вакцинација. Потоа ќе ги отвориме пунктовите за сите кои ќе покажат волја да се вакцинираат на лице место", рече Филипче.

Тој апелира повозрасните граѓани кои се пријавени, а не добиле термин, тоа повторно да го сторат преку преку матичните лекари, апелираше Филипче.

Инаку, според Светската здравствена организација, индискиот сој станува доминантен во светот.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во Битола во посета на Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ кој е реновиран, како што беше посочено, за прв пат после 50 години.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе