Филипче: Врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната онлајн конференција истакна дека уште не сме влезени во периодот кога пикот на најмногу заразени пациенти со коронавирусот е поминат. Останува прогнозата дека врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април или почетокот на мај.

Тој во одговор на новинарско прашање истакна дека бројот на тестираните пациенти е намален, но тоа било очекувано поради празниците, токму заради тоа има и помалку позитивни.

„Знаевме дека ќе се намали бројот на тестови за време на празниците, тоа беше очекувано, не сакаме да правиме проста математика со тоа што ќе го дуплицираме бројот на позитивни тестови во однос на бројот на вкупно направените тестови денеска, да кажеме споредено со тоа што било претходните денови заради тоа што и во текот на минатата недела имаше една друга варијација, исклучително голем број на дијагностицирани пациенти што епидемиолозите сметаат дека е само варијација. Тогаш причина за поголем број на позитивни беше пристап кон веќе идентификувани лица кои беа во изолација па развија симптоми, исто така сметаме да сега можно е да оваа варијација е резултат на помал број на тестови заради празниците“, рече Филипче.

Министерот Филипче појасни и дека верува отие овие рестриктивни мерки сега даваат, а ќе даваат резултати и во иднина. Додаде и дека со новите рестриктивни мерки на движењето, целта е да се ограничат физичките контакти како на бројот на лица така и на бројот на денови со кои што еден потенцијално заболен контактира во еден одреден период.

„Дополнително со овие нови мерки кои што ги предлагаме заради тоа што при анализа на тоа колку пациенти можат да бидат преносители на на болеста на колку луѓе во нивната околина, се земаат во предвид неколку фактори. Прво, бројот на контакти кои што ги имаат во текот на денот и колку денови со тие контакти имаат во континуитет континуиран контакт. За да еден пациент пренесе болест на еден заболен, треба да биде со еден во контакт и тоа како се зголемува бројот на денови, се зголемува и ризикот да тој контакт биде заболен“, додаде министерот Филипче.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе