Филипче: Во изолација е возачот на комбето со кое патуваше заразената со коронавирус

Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус.

Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата, кој рече дека возачот сам се јавил и кажал дека има симптоми на кашлица и болки во градите.

Посочи дека возачот на комбето претходно беше во домашна изолација, а пред неколку часа поради симптоми на кашлица и болки во градите кои се појавиле првпат изутрината, е спроведен со целата заштитна опрема во соба за изолација во Општата болница во Струмица.

„Земени се материјали за знализа и тие во следните часови ќе бидат изработени во лабораторија во Скопје, по што ќе ја информираме јавноста. Тој бил сам дома, немал контакти ниту со семејството и сам ја контактираше нашата служба“, рече Филипче.

Посочи дека состојбата на пациентката која има коронавирус и натаму е стабилна и е во изолација на Клиниката за инфективни болести.

„Вчера имавме интензивни средби со претставници на Комисијата за заразни болести кои излегоа со препораки, го информиравме и Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи. Денеска Владата го прифати предлогот кој произлезе од оваа институција и донесе заклучок на организаторите на јавни собири да им препорача да ги откажат до 6 март. Нема простор за паника, будно се следи ситуацијата“, додаде Филипче.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе