Министерство за здравство

Филипче: Во автобусот со кој допатувале заразените сопружници од Италија патувале 40 патници

Вечерва од Дебар со специјален транспорт на Инфективната клиника во Скопје ќе бидат донесени зарзените со коронавирус сопружници кои се на возраст од 62 и 68 години. Идентификувани се сите 40 патници од автобусот со кои сопружниците допатувале во Македонија од Бреша, Северна Италија и со сите нив во тек се интервјуа со епидемиолози, изјави вечерва министерот за здавство Венко Филипче.

Тој рече дека сопружниците во Македонија допатувале на 26 февруари, дека од автобусот се симнале патници во Куманово, Скопје и во Дебар.

„Сопружниците до 2 март немале никакви симптоми. Тие имале лесни симптоми на грип и откако се јавиле во болницата во Дебар, веднаш бил повикан инфектолог од Гостивар, а тестовите на коронавирус за жал дале позитивни резултати. За време на престојот во Дебар, сопружниците изјавиле дека имaлe контакт само со братот на жената. И со него веќе е направено интервју со епидемиолози, по што ќе се оцени дали треба да се оди со изолација“, изјави Филипче.

Министерот вели дека се регистрирани сите патници, дека се знаат нивните податоци и во тек се интервјуа со сите нив по што ќе се реши какви мерки ќе бидат преземени.

„Согласно препораките и стандардите најголем ризик имаат тие што седат пред и зад патниците, но ќе ги контактираме и прегледаме сите патници, со сите нив ќе бидат направени интервјуа, а потоа ќе се реши како ќе се постапи. Нашиот став е сите да бидат ставени во изолација. Многу е мал ризикот за второлиниско пренесување. На пример, кај првата пациентка кај која беше регистриран коронавирусот, патници од комбето со кое допатувале од Италија, немаат никакви симптоми“, рече Филипче и додаде дека се регистрираат и сите лица со кои патниците од автобусот имале контакт.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе