Филипче: Верските лидери да апелираат до граѓаните да останат дома за празниците

Многу е битно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме. Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците, да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Филипче потенцира дека натамошните мерки ќе се димензионираат зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките и зависно од проценката на ризикот.

Филипче подвлече дека во ваква ситуација како актуелната, кога здравствениот систем е оптоварен, нема да биде ништо друго критериум за воведување мерки освен заштитата на граѓаните.

„Многу е битно сега сите да се вклучиме, не само ние што ги менаџираме здравствените капацитети и политичките чинители, туку и верските. Ова ќе биде сериозен ризик и зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките, од проценката на ризикот што може да се случи, ние ќе донесеме одлука во следните две недели за тоа како ќе ги димензионираме мерките за тој период“, истакна Филипче.

Во врска со барањето на опозицијата за негова оставка и за обвинувањата како се менаџира КОВИД-ситуацијата во земјава, Филипче напомена дека се пласираат лаги и невистини со единствена цел, да се соберат политички поени на сметка на починатите.

„Обвинувањата и барањата за оставка на опозицијата се темелат на нешто што е неиздржано, за жал. Никогаш немаше конструктивен предлог. Се што обвинуваат се лаги, невистини и клевети. Неколку пати тоа се докажува во изминатиот период, а и ова последното што се случува – некои членови на ВМРО-ДПМНЕ отворено истапуваат во јавноста, зборуваат и кажуваат нешто што оди во прилог на антивакцинална кампања. Подгреваат сомнеж во вакцините, во нивниот квалитет и целокупниот тој процес. Конкретно, д-р Вело Марковски во изминатиот период, нешто што е незамисливо за стручната фела, нешто што многу често го коменитраме. Тоа е апсолутно сериозно, нешто што може да го загрози јавото здравје“, рече министерот.

Тој го спореди цртањето црни срциња на кејот на Вардар со камапањата во Велика Британија каде се фарбаат црвени срца на брегот на Темза.

„Сакаат да ќарат поени, но тоа го зголемува нашиот ентузијазам“, порача Филипче.

„КОВИД-кризата бара интензина, посветена, деноноќна работа, нешто што интензивно се правеше целата измината година. Ентузијазмот е се поголем, секој ден, зашто справувањето со кризата дава резултати, кривата се намалува постепено, не остана ниту еден пациент без болнички кревет, обезбедивме близу 800 нови позиции со централен довод на кислород во државата“, нагласи Филипче.

Министерот уште еднаш кажа дека имаме систем на балансирани мерки, но мерките, рече, мора да се почитуваат – носење маска и држење дистанца. Мерките, оцени, се покажаа идеални, намален е притисокот врз болниците.

„Луѓето како да се опуштија. Од претходното искуство лани, сега сме пред големи празници, видовме дека и покрај силните препораки непочиотувањето на мерките доведе до нов бран, ако тоа се случи сега и се случи нов кластер собири во верски објекти, толку ќе биде голем притисокот во здравствените установи ќе се доведе во пшрашање дали ќе може да се изменаџира. Денешните бројки се помали од вчерашните, мерките дале резултат, пикот од овој бран е зад нас, сметаме дека беше на 1 април, ситуацијата се стабилизира, но сепак сме многу внимателни“, истакна Филипче.

Во врска со угостителските објекти и нивното затворање, повтори дека мерката е добра. 

Министерот за здравство Венко Филипче не чувствува одговорност за доцнењето на вакцините затоа што од ноември интензивно се работи на нивна набавка и навремено било пристапено кон сите можни извори за да се обезбедат. Причината за доцнењето ја гледа во недоволното производство, големиот пласман во САД, со што се изјаловиле плановите од околу нова година кога и земјите од ЕУ не знаеле дека ќе немаат доволно вакцини за нивното население.

„Навремено пристапивме кон сите можни извори за да обезбедиме вакцини – подоцна од очекувањата профункционира Ковакс – во кој многу повеќе верувавме да биде брз и ефикасен, но така беше во сите земји во севтот. Ппотоа во нашите директни разговори од производителите – едноставно луѓето велеа дека не се заинтересирани за нас. „Фајзер" е контактиран уште на почетокот на ноември, првпат ни дадоа позитивен сигнал на крајот на декември, имаа и специфични барања. Потоа сите други за кои чекавме да завршат клиничките испитувања... Механизмот на ЕУ не профункцонира зашто и самите европски земји не добија онолку вакцини колку што сметаа дека треба да добијат. Голем проблем е се уште со достапноста поради недоволно производство, било каде во светот, освен Србија која е исклучок. Ние направивме буквално се, сите механизми и сите обиди. Работевме интензивно, секојдневна комуникација сите овие месеци“, рече Филипче во „Само интервју" на ТВ Канал 5.

Оцени дека добро е поставен и функционира системот за вакцинација – постарите од 77 години примаат „Астра Зенека" (пријавени на оваа возраст се околу 20 илјади), а граѓани од т.н. критична инфраструктура (околу 11 000-12 000) добиваат вакцина „Спутник" и имунизацијата кај нив ќе заврши следната недела. Како ќе доаѓаат вакцини, рече Филипче, ќе се става акцент на постарите и ќе се намалува возрасната граница.

„Вакцинирањето нема да порекине, има за следните три недели со „Астра Зенека". Распоредите се прават за следни недела-две, за пунктовите низ земјата и во спортската сала. Сега се вакцинираат 3000-4000 дневно. Нашиот план е помеѓу 7000 и 10 000 на ден – седум илјади е оптимална бројка, а 10 000 со максимална оптовареност на системот. Тоа би било добра динамика. Апелирам да се пријават сите на сајтот вакцинајија.мк, така системот ќе ги генерира приоритетите по возраст и, евентуално, со коморбидитети. Битно е да се вакцинираат меѓу 60 и 70 отсто од населението, за да се постигне колективен имунитет. Како ќе се зголемува достапноста на вакцините, ќе се зголемува и опфатот на граѓани што ќе бидат имунизирани“, истакна Филипче.

Нагласи дека нема контраиндикација кај ниту една вакцина во однос на болести и сите се рзвиени на безбедни платформи. Само за „Астра Зенека" бордот на ЕМА утврди поврзаност со тромботични ефекти кај помлади лица, веројатно, како што рече, поради хормоналната активност.

Филипче повика дека треба да се вакцинира секој, без разлика дали има или нема антитела, а тие што прележеле КОВИД-19, по три до четири месеци од болеста. Дали треба да примат една или две дози, рече, варира од вакцина до вакцина.

„Не се знае каква ќе биде иднината во однос на вакцината, дали ќе треба трета доза или ќе биде сезонска, но ова е единствен начин да се смени сликата на епидемијата. Аплелирам на масовна вакцинација, да престанат антикампањите зашто сериозно може да го нарушат процесот“, додаде Филипче.

Овој месец се очекуваат и вакцините од директниот договор со „Фајзер" и целата количина на вакцините „Синофарм" од Кина односно 200 илјади во една пратка. Во однос на тврдењата на опозицијата за земање провизија преку фантомска фирма во нивната набавка, Филипче повтори дека се работи за лажни и сериозни обвинувања.

„Антикорупциска комисија нека ја заврши работата за обвинувањата и фабрикуваните вести. Не станува збор за никакви провизии, ништо нелегално. Документите со кои мавтаа се лажни. Ниту имало исплата, ниту релација со таква компанија. Жал ми е што покрај со пандемијата, се бориме и со лажни вести на опозицијата, рече Филипче. Појасни дека откако не добивале одговор од официјалното претставништво во Кина, ургирале преку овдешни кинески компании за да стапат во контакт со „Синофарм", но МНР на Кина укажало дека преферираат официјални контакти што тие ќе ги препорачаат и затоа биле вратени парите од уплатата.

За фејсбук-преписката со претседателот Стево Пендаровски по масовното вакцинирање на македонски граѓани во Србија, министерот за здравство одговори дека реагирал на тој начин зашто било направено се за да се набават вакцините, искористени биле сите механизми и, сепак, рече, веќе бил почнат процесот на вакцинација со задравствените работници што работат со ковид-пациенти. Смета и дека различни мислења се добредојдени и тоа е здраво за демократко општество. 

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе