Филипче вели дека во сите модуларни болници се вградени сертифицирани огноотпорни материјали

На прашањата на новинарите Венко Филипче, министерот за здравство попладнево изјави дека сите одговори за деталите околу безбедноста на модуларните болници ќе ги даде истрагата и дека се испитува целокупната документација за тоа што сѐ е вградено како материјал и како е вградено. Тој тврди дека сите вградени материјали се сертифицирани, вклучувајќи ја и огноотпорноста на материјалите.

Во однос на тоа дали е вистина дека во болницата имало и роднини, пријатели на пациентите, Филипче вели дека според досегашните информации во моментот на избувнување на пожарот имало две лица кои биле во посета. „Во принцип, посетите во ковид одделенијата се забранети. Но, со сертификати за вакцинација биле пуштани лица да ги посетат болните. Посета има практично секогаш. И од лично искуство знам дека тоа тешко може да се изменаџира. Но, и за ова се прави истрага од инспекторите на Државниот санитарен здравствен инспекторат“, изјави Филипче.

„Има многу шпекулации за тоа кој загинал и затоа се прави и ДНК анализа на сите загинати лица за да бидеме прецизни. Има повеќе претпоставки за причината на пожарот, но да ги почекаме официјалните резултати на истрагата. Модуларните болници беа изградени според сите предвидени високи стандарди. Целосно се предадени во употреба според сите пропишани процедури. Истрагата ќе ги даде одговорите на многу прашања“, рече Филипче.

Во однос на прашањето дека дел од сведоците и роднините на хоспитализираните велат дека биле постојано таму за да им помагаат, да бидат придружба, Филипче одговори дека во секој момент обезбедувале доволно кадар насекаде.

На прашањето за разрешување на директорот на Тетовската болница, министерот посочи дека утврдувањето на одговорноста ќе го остави на истражните органи и на Инспекторатот. И, како што рече, никој нема да избегне од таа одговорност, доколку се утврди.

„Јас би ги почекал сите наоди да завршат од сите работи кои што ќе се истражуваат“, изјави Филипче.

Министерот дополни дека апсолутно никој нема да избегне одговорност, и има повеќе аспекти кои што се истражуваат, а кога сето тоа ќе се анализира, ќе излезат со конечни ставови.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе