Министерство за здравство

Филипче вели дека настава со физичко присуство ќе има ако остане стабилна епидемиолошката ситуација

Ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство. Нема да имаме друга можност освен да воведеме некаква форма на рестрикција. За мерките е разговарано и дополнително ќе разговараме со цел да го заштитиме целокупното друго население, а тие мерки ќе се однесуваат на невакцинираните, изјави денеска  министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за конкретните мерки ќе разговараат подетално во август.

„Видовме во изминативе години што значи да нема вакцина за една болест, какви рестрикции, полициски часови…, гледаме и следиме примери и од другите земји, има приватни компании кои едноставно сакаат вработените да им се вакцинирани за да може нормално да функционира работниот процес, а ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму кај што има можност за масовни собири, јавни настани, можеби влез за некои јавни места…, нагласи Филипче при посетата на Клиничката болница во Битола.

Тој посочи дека во овој момент имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, па дури и во овој дел на Европа.

Во однос на вакцинацијата на децата, Филипче потенцира дека немаат во план, како за нив, така и за возрасните да наметнат правила и таа да биде задолжителна.

„Апсолутно, ниту за училишта, ниту за средни, ниту за факултети… Меѓутоа, во овие места кај што има ризик за големи собири, тука размислуваме без разлика дали станува збор за адолесценти, постари луѓе. Така што допрва ќе разговараме за мерките. Како и се до сега што добро го осмислувавме и добро го димензиониравме сакаме и овие евентуални мерки да бидат добро осмислени со цел да продолжи нормално животот. Ние не можеме да живееме ниту затворени, ниту со рестрикции, ниту да трпи повеќе економијата посебно сега кога има вакцина на располагање“, истакна Филипче.

Во однос на количината на вакцини, тој појасни, дека секој понеделник стигнуваат меѓу 20 и 30 илјади вакцини и тоа е комбинација од директниот договор со компанијата „Фајзер“ и помошта што стигнува преку земјите членки на ЕУ.

Филипче потенцира дека за третиот и четвртиот квартал само од директниот договор вкупно треба да стигнат 700 илјади вакцини „Фајзер“, што, според него, е сосема доволно и во овој момент има доволно вакцини.

„На територијата на цела држава опфатот со вакцинација на граѓаните над 70 години е 63 проценти, над 50 години е 45 проценти. Понатаму како се намалува возрасната група опаѓа и опфатот со вакцинацијата“, додаде Филипче.

Министерот за здравство вели дека ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците за предметната настава…

Тој посочи дека битно е што ги имаат разработено сите сценарија и интензивно работеле со Министерството за образование и наука и добар план направиле.

„Добри три сценарија се разработија во зависност од епидемиолошката ситуација. Доколку се влоши епидемиолошката ситуација подготвени сме да и тука интервенираме во дел на тоа како се организира наставата“, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Клиничката болница во Битола.

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе