Филипче вели дека може да се изменаџира ангажманот на здравствените работници во избирачките одбори

Може да се изменаџира ангажманот на здравствените работници во избирачките одбори, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Мислам дека доколку има потреба и доколку се потребни на работните места каде сега се целосно ангажирани, на третман на пациентите со ковид, во оној систем на ротација може да се ослободат. Не работат сите лекари и здравствени работници цело време. Тие ротираат. Oколу 3.000 здравствени работници се членови на избирачките одбори избрани во 2016 година. Тие луѓе веќе имаат искуство и дополнително може да имаат искуство и во советите за превентивните мерки што ќе треба да се спроведат на гласачките места. Во разговорот претставниците на ДИК рекоа дека бројот на барања за изземање е многу сличен на сите претходни изборни активности. Меѓутоа, мислам дека овој проблем прво не е така голем, но ако се наметне, може да се изменаџира и со систем на ротации лекарите да бидат ослободени ако треба“, рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на Скопскиот аеродром.

Во врска со новиот директор на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов кој доаѓа по разрешувањето на Арбен Зибери, министерот информира дека административна процедура треба да заврши денеска.

На прашањето за пациентка која е на дијализа и е ковид-позитивна, а е хоспитализирана, Филипче објасни дека се појавил проблем со овие случаи.

„Се појави проблем со пациентите кои се на дијализа, а кои се ковид-позтивни зашто центрите каде што сега се прави дијализа, се регистрирани како дневни и таму пациентите не може да се лекуваат. Тоа направи мало изместување на утврдената стратегија со давање под концесија на центрите за дијализа. Се наметна ситуацијата сите позитивни пациенти кои треба да прават дијализа, да се лекуваат само во 8 Септември“, рече Филипче.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе