Министерство за здравство

Филипче: Вакцините спасуваат животи и се силнa заштита од ковид

Вакцинте функционраат и се силна заштита од ковид. Ваквиот заклучок е резултат на направените анализи во изминатиот период, напиша на својот фејсбук-профил Венко Филипче, министерот за здравство. Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини, само 96 се случило да се заразат по вакцинирањето, напиша Филипче.

„Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Од овие 96 позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани и двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со ковид, а кој има примено две дози вакцина. Вакцините спасуваат животи и се единствена начин да се заштитиме и да го вратиме животот целосно во нормала“, напиша Филипче.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе