Филипче: Вакцинирањето на учениците може да се одложи за два до три месеци

Новороденчињата и предшколските деца може да се вакцинираат во редовен термин, а за школските деца вакцината може да се одложи два до три месеца. Тоа е стручно мислење на Комитетот за имунизација, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата.

Во однос на опасноста од ширење на вирусот при учество на верски собири, Филипче повтори дека забраната за масовни собири од Владата важи за сите.

„Има важечка забрана за какви било масовни собири од страна на Владата. Никој не би требало да повикува ова да се прекршува без оглед на тоа кој е организаторот“, истакна Филипче

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе