Во видеопорака

Филипче уверува: Вакцините за ковид-19 се безбедни, не подлегнувајте на лажни вести

Вакцините за коронавирусот се целосно безбедни, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата, вели министерот за здравство Венко Филипче во денешното видео обраќање.

Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини и преку Ковакс системот и преку понудата од ЕУ, а има и сѐ повеќе можности за директни договори со компаниите.

„Целта е да се вакцинира 60% до 70% од населението што е доволно да се создаде имунитет и да го победиме вирусот. Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите“, рече Филипче.

Тој предупредува да не се подлегнува на дезинформации и лажни вести во врска со вакцините и вакцинацијата.

„Сакам да ве уверам дека сите вакцини се целосно безбедни и секој еден граѓанин на кој што е индицирана вакцинација треба да ја прими оваа вакцина. Така ќе ставиме крај на пандемијата“, додава Филипче.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе