Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини и преку Ковакс системот и преку понудата од ЕУ, а има и сѐ повеќе можности за директни договори со компаниите.
„Целта е да се вакцинира 60% до 70% од населението што е доволно да се создаде имунитет и да го победиме вирусот. Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите“, рече Филипче.
Тој предупредува да не се подлегнува на дезинформации и лажни вести во врска со вакцините и вакцинацијата.
„Сакам да ве уверам дека сите вакцини се целосно безбедни и секој еден граѓанин на кој што е индицирана вакцинација треба да ја прими оваа вакцина. Така ќе ставиме крај на пандемијата“, додава Филипче.