Филипче уверува: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство Венко Филипче во денешното видео обраќање истакна дека во изминатите четири месеци тој и неговите колеги во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, вели Филипче.

Идната седмица, истакнува Филипче, се одржуваат предвремените парламентарни избори, а Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

„Сакам од мое лично име и од името на Комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од која било друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат“, порача Филипче.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе