Во А1 арената „Борис Трајковски“

Филипче: Утре треба да заврши вакцинацијата на групите од „критичната инфраструктура“

Денеска и утре завршува вакцинацијата на вработените од критичната инфраструктура опфатени во првата фаза, а имунизацијата против ковид-19, согласно Националниот план, продолжува со вакцинација на граѓани, изјави министерот за здравство Венко Филипче, по денешната вакцинација на новинарите. Тој рече дека досега во земјава се вакцинирани вкупно 25.000 лица. Вакцините од рускиот произодител Спутник кои што ќе останат, ќе им бидат дадени на граѓани, според возрасен план.

„Останатиот дел од 20.000 вакцини Спутник V ќе бидат распределени по возрасни групи онака, како што сега се одвива вакцинацијата од почеток со вакцината на Астра Зенека по вакицналните пунктови. Апелирам до сите да се пријават на сајтот за вакцинација vakcinacija.mk за податоците влезат во системот Мој Термин и на тој начин бидат регрутирани. Истовремено и матичните лекари имаат обврска да ги анкетираат своите прикрепени пациенти, посебно оние постарите кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува со возрасните категории граѓани, како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата системи - приоритетно за постарите граѓани и продолжување на делот на критичната инфраструктура", изјави Филипче.

Министерот истакна дека вакцинирани се сите оние коишто имаа најголем ризик , кои практично учествуваат во менаџирањето на кризата од самиот почеток, како припадници на МВР, на Армијата, понатаму вработените во училиштата наставничките од 1-3 одделение, МТСП во делот на градинките негувателките и воспитувачките, понатаму правосудниот систем.

„Денеска имаме група на вработените во Собрание, во техничките служби од координацијата го очекувам и интересот од страна на претседателот на Собранието во делот на вакцинација на пратениците. Во таа смисла денеска се на ред групата преку Здружението на новинари оние коишто навистина се во првата борбена линија би рекол уште од почеток на кризата и со своето навремено информирање, информирање на јавноста, пласирањето на важните пораки исто се едни од клучните во менаџирањето на оваа здравствена криза", рече министерот.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе